Хавиер Занети, поранешниот аргентински фудбалер и потпретседател на Интер, изјави дека Аргентина ја чека тежок меч со Хрватска во полуфиналето на Мундијалот, но дека не се сомнева во победата на неговата земја.
„Ќе биде тежок натпревар бидејќи Хрватска е голем тим. Нема да биде воопшто лесно, но знаејќи ја ситуацијата меѓу аргентинските фудбалери, убеден сум дека ќе одиграат добро“, изјави Занети.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Занети истакна дека очекува добар настап од 25-годишниот напаѓач Лаутаро Мартинез
„Среќен сум поради него бидејќи не му одеше и потоа доби шанса да го постигне одлучувачкиот пенал. Тоа му беше важно, па сигурен сум дека ќе блесне кога ќе ни биде најпотребен“.
Хрватите се пласираа во полуфиналето со тоа што беа поуспешни од Бразил во пенал рулетот.
„Сакав да победи Бразил за сега во полуфиналето да го гледавме јужноамериканското „Суперкласико“, натпревар кој посебен во двете земји. Тоа ќе беше добро и за јужноамериканската фудбалска конфедерација КОНМЕБОЛ“, изјави Занети.