Интер добро го започнува летниот преоден рок, а изгледа веќе се закажани нови медицински прегледи.
Според информациите на италијанските, клубовите се договориле, играчот ги договорил условите – се е спремно! Се чекаат само медицинските прегледи за се да биде официјализирано и Матео Политано од Сасуоло да стане нов фудбалер на Интер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лекарските прегледи се закажани за сабота.
„Нероаѕурите“ го доведуваат Политано на позајмица од една година, а по истекот на договорот ќе имаат опција да го откупат неговиот договор од Сасуоло за сума од 20 милиони евра.
Политано има 24 години и игра на позицијата десно крило. За Сасуоло за три години настапи на 95 натпревари и постигна 21 погодок.
Како дел од овој трансфер Сасуоло ќе ги добие Одгард и Адоранте.
Одгард го посакуваа Аталанта и Болоња, но Интер се одлучи да го испрати во Сасуоло. Има 19 години и игра на позицијата напаѓач. Постигн 15 погодоци и запиша четири асистенции на 29 натпревари.
Адоранте има 18 години исто така се смета за голем талент, а Интер ќе најверојатно ќе обезбеди и опција за откуп од Сасуоло и на двајцата.