Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Заврши првиот дел од средбата на УЕФА – одложено Европското првенство!

Заврши првиот дел од средбата на УЕФА – одложено Европското првенство!

Првиот дел од денешната исклучително важна средба на УЕФА е завршен.

Според „Би- Би Си“ видеоконференцијата започнала во 10 часот утрово и предлогот за одложување на Европското првенство веќе е официјално прифатен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Идејата која УЕФА ја разгледува е Европското првенство да биде презакажано за јуни 2021 година, а за тоа 55-те члена на федерациите ќе дискутираат во вториот дел од средбата.

Норвешката федерација веќе го откри терминот – идната година ЕП ќе се игра од 11 јуни до 11 јули. Со ова откажување се одложуваат нормално и баражите за пласман на Евро 2020, меѓу кои и мечот Македонија – Косово, но допрва ќе треба да се соопштат детали за новите термини.

На вториот дел од средбата ќе биде одлучен и начинот на кој треба да завршат националните првенства во Европа, како и кога ќе се играат полуфиналните и финалните средби од Лига Европа (Македонија – Косово).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…