Зидан утрово се огласи, а во Мадрид постоеше и малку загриженост, но ова попалдне стигнуваат вести од „Ас“ кои се одлични за „кралевите“.
Повредата на зглобот на десната нога на Роналдо не е од потешка приорда и после деталните прегледи направени утрово на клиниката во Мадрид стигна потврда дека Роналдо со сигурност ќе игра во финалето од Лигата на шампионите на 26 мај.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мадритски „АС“ објави дека Роналдо ќе паузира само една недела и ќе ги пропушти само двата натпревари против Севиља (среда) и Селта (сабота), што е нешто и кое Зидан го планираше со цел да го одмори Португалецот пред финишот од сезоната.
Планот е Роналдо да се врати на тренинзите од следниот понеделник и да настапи на гостувањето против Виљареал (19 мај).