Левиот бек на Барселона, Жорди Алба даде свое мислење за темата која го „раздрма“ клубот во последните денови.
Како што е познато спортскиот директор на Каталонците, Ерик Абидал даде провокативен коментар со кој ги обвини некои од играчите дека не давале се од себе кај претходниот тренер Ернесто Валверде.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа предизвика остра реакција на капитенот Лионел Меси, а потоа скандалот беше разрешен откако се замеша и претседателот Бартомеу.
Меѓутоа, вчерашното отпаѓање од Купот против Билбао покажа дека тензиите во клубот се уште не се смириле.
„Против овој клуб се фрлаат доволно го*на од страна, нема
потреба ние самите да се мачкаме со го*на. Абидал беше играч кој беше сакан од
фановите, па би требало да знае што се случува во една соблекувална и како се
чувствуваат играчите“, изјави Алба и отворено застана на страната на Меси.