Ентони Марсијал нема да го продолжи договорот, чека понуди од Баерн и Јувентус, а иако има договор уште само една сезона, сака да си оди.
Неговата вредност се проценува околу 60 милиони евра. Челзи се вклучи во трката и Мурињо веднаш им предложи трампа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Неговата желба е позната, сакаше да го доведе во два трансфер периоди, но по Матиќ не успеа да „украде“ уште еден одличен фудбалер од својот поранешен клуб. Станува збор за Вилијан, Бразилецот под водство на Конте не беше стандарден, иако претходната сезона беше единствената светла точка во екипата на Челзи.
Марсијал е помлад, веројатно повеќе вреди на пазарот, меѓутоа Челзи го процени Вилијан 80 милиони евра, останува да видиме што ќе се случи и дали можат двата тима да најдат заеднички јазик.