Младата ѕвезда на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс ја доби наградата „Златно момче“ за 2019 година за најдобар фудбалер до 21 годишна возраст во Европа.
Феликс доби најголем број на гласови од новинарите од најеминентните спортски весници од Европа, па ќе ја добие наградата која ја организира италијански „Тутоспорт“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Така Феликс стана вториот Португалец со такво признание после Ренато Санчез, кој беше избран за „Златно момче“ во 2016 година.
20-годишниот офанзивец ја заслужи оваа награда со своите партии во дресот на Бенфика минатата сезона, каде на 43 меча постигна 20 гола и 11 асистенции, а потоа се пресели во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра.
Феликс во трката го победи играчот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо и ѕвездата на Леверкузен, Кај Хавертц. Минатата година наградата ја доби Матијас де Лихт.
✨ @joaofelix70 wins the Golden Boy 2019 award ✨ pic.twitter.com/ubBcTMWxJv
— B/R Football (@brfootball) November 27, 2019