Кристиано Роналдо е во центарот на вниманието после контроверзното интервју кое го даде кај Пирс Морган.
Роналдо ги критикуваше клубот, раководсвото и тренерот Тен Хаг, а денес главна тема е неговата ладна средба со соиграчот Бруно Фернандеш на собирот на репрезентацијата на Португалија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бруно едвај и да му пружи рака на Кристиано за да се поздрават на првата средба во португалската репрезентација пред заминувањето на Мундијалот во Катар.
Нивниот колега Жоао Марио се обиде да ги смири страстите и вели дека станува збор за шега.
„Бруно пристигна последен во соблекувалната и Роналдо го праша да не патуваше со брод. Тоа е нивна интерна шега, па тие се соиграчи во Манчестер јунајтед и во нашата репрезентација. Да, ги видов фотографиите, но не верувам дека е нешто сериозно“, изјави Жоао Марио.
Bruno Fernandes catching up with Cristiano Ronaldo in the Portugal camp 👀🇵🇹
— ESPN FC (@ESPNFC) November 15, 2022
(via @selecaoportugal) pic.twitter.com/D1UFlfBlwG