Стефано Пиоли во наредните три недели не ќе може да смета на услугите на Оливие Жиру.
Францускиот напаѓач во натпреварот против Атлетико Мадрид заработи повреда на бутниот мускул и ќе мора да паузира. Според првичните проценки на лекарите тој ќе може да се врати на терените за три недели.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан во натпреварот со Атлетико Мадрид забележа минимална победа од 0:1 со која си ги задржа шансите за пласман во осминафиналето во најелитното европско натпреварување. Сепак, во последното коло ќе им треба победа против Ливерпул, а во тој натпревар „росонерите“ не можат да сметаат на Жиру.