Францускиот напаѓач Оливер Жиру, последниот натпревар во јануарскиот преоден рок одлучи да го напушти Арсенал и кариерата да ја продолжи во дресот на градскиот ривал Челси.
Жиру не се изнаигра многу од доаѓањето на Лаказет во Арсенал и одлучи да ја промени средината. Францускиот напаѓач призна дека во Челси дојде за поголема минутажа која ќе му го осигура местото во репрезентацијата за Мундијалот во Русија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Откако одигра неколку натпревари во дресот на Сините, Жиру призна дека само поради една работа му е жал што го напуштил Арсенал. Кога пристигнал на Емирати имал желба да стане првак во Англија, но тоа не му успеало.
„Можам да кажам дека имам незавршена работа во Арсенал. Жалам само за една работа, тоа што со Арсенал не ја освоив Премиер Лигата. Во тој клуб дојдов со таа цел, но после скоро шест години не успеавме. Сонот за Премиер лигата сеуште е жив само што сега сум член на Челси.“ – изјави Жиру.