Манчестер сити по првпат во историјата ќе игра во финале на елитната Лига на шампиони (ЛШ), откако во полуфинале беа подобри од ПСЖ со вкупни 4-1, а еден од најзаслужните за победата беше Ријад Марез.
Животната приказна на Марез е една од тие за кои во иднина треба да се сними филм и приказна која може многу млади деца да ги мотивира.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роден е во Франција во град со околу 60.000 жители, кој е познат по насилството, големата невработеност и трговија со дрога. Татко му е од Алжир, а мајка му има потекло од Алжир и Мароко.
Во текот на кариерата имал голема поддршка од татко му, кој го следел на сите натпревари во младинските селекции, но на 15 години останал без него.
„Не знам дали тогаш станав сериозен, но откако почина татко ми јас тргнав напред. Можеби во главата сакав повеќе да постигнам“, вели Марез.
Откако ги минал младинските категории добил повик да игра во француски нисколигаш, а ловците на таленти на Марсеј и ПСЖ го забележале токму во нисколигашот, но ги одбил нивните понуди и го засилил Ле Хавре, за кој одиграл 60 натпревари во Лига 2 и постигнал шест гола.
Во 2014 година се сели во екипата на Лестер сити, а токму во тој тим блесна, по што си обезбеди трансфер во Манчестер сити, со кој сега ќе се бори за титулата во ЛШ.