Фудбалерот на Манчестер Сити Ријад Марез е убеден дека „граѓаните“ оваа сезона можат да ја освојат Лигата на шампионите ако натпреварувањето биде продолжено.
Најелитното клупско европско натпреварување беше стопирано во март поради пандемијата со коронавирусот и во овој момент нема официјални информации кога би можело да се продолжи, се шпекулира дека тоа ќе биде на почетокот на август.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Марез смета дека ако натпреварувањето се доигра Сити може да се надева на историски трофеј.
„Мислам дека е вистинско време да ја освоиме Лигата на шампионите. Имаме силен тим, одличен менаџер, имаме се што треба – спремни сме! Не знам дали сме најдобри во Европа, но сме доволно добри да ја освоиме ЛШ. Натпреварувањето е тешко и секој ја сака титулата и ќе мораме да се помачиме“, изјави Марез.
Манчестер Сити во ова натпреварување во осминафиналето го совлада Реал Мадрид со резултат 2:1 и има добра шанса да се пласира во четвртфиналето.