Дома Фудбал Англија Жесус призна дека не е задоволен во Сити

Жесус призна дека не е задоволен во Сити

Напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жезус призна дека не е задоволен од минутажата која ја добива и сака да игра на секој натпревар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Сакам да играм на секој натпревар, но реалноста е поинаква. Се обидувам да го искористам времето кога играм кога сум на теренот. И мислам дека дојде моето време. Само сакам да играм фудбал и да се подобрам“, изјави Жезус.

Габриел Жезус во својата прва полусезона на Островот на 10 настапи постигна седум погодоци и со тоа најави за каков играч се работи.

Во ист ритам продолжи и наредната сезона кога на 29 натпревари постигна 13 погодоци, додека оваа година има скромен учинок.

Оваа сезона, 22-годишниот Бразилец настапи на 24 средби, од кои 18 започна во стартниот состав.

Англиските медиуми тврдат дека Жесус може наскоро и официјално да побара трансфер бидејќи неколку европски гиганти се заинтересирани за него, па останува да видиме како ќе реагираат „граѓаните“ кои го имаат последниот збор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флорентино Перез на филмски начин договорил спектакуларен трансфер

Флорентино Перез направи низа одлични зделки во Реал Мадрид. Донесе некои од најголемите ф…