Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два нови контролни натпревари против соодветната селекција на Кипар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Контролните дуели ќе бидат одиграни на стадионот „Tasos Markou” во Кипар.
Првиот натпревар го играме на 15. февруари со почеток во 14:30. Два дена подоцна на програмата е закажан вториот меч во исто време.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 19 години, Астрит Мерко, за претстојниот предизвик се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Берна Кабакчи, Клара Андреевска;
Одбрана: Симона Ребека Маијер, Ефимија Цунева, Едина Сулејмани, Матеа Блажевска, Миа Головска, Сара Ефтинџиоска, Дајана Ристовска;
Среден ред: Ера Стеблева, Радица Велкова, Сара Мена, Кристина Мојсоска, Андреа Донева;
Напад: Јехона Велиу, Лора Сулејмани, Веса Села, Билјана Панеска, Ајна Исејни, Еда Далипи;