Eурофарм Пелистер стигна до 15 победи во македонската Суперлига откако вечерва беше подобар од Охрид.
Охрид започна рамноправно и држеше чекор со фаворитот едно полувреме. На паузата имаа негатива од два гола разлика (16:14), но во вториот дел битолчани го покажаа квалитетот и го решија натпреварот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На самиот старт во првите пет минути Пелистерци направија предност од четири гола 20:16, а во следните осум минути веќе беше 28:17, па стана јасно дека нема да се случи изненадување. На крајот конечниот резултат гласеше 34:25.
Павлетиќ беше најефикасен со осум гола, додека кај Охрид Стефан Додиќ постигна шест.