Дома Останати Кошарка Ефес ја повлече „седумката“ на Наумовски

Ефес ја повлече „седумката“ на Наумовски

Кошаркарскиот клуб Анадолу Ефес, на полувремето од евролигашкиот натпревар со Армани Милано, организираше свечена церемонија на којашто ја повлече „седумката“ кој во минатото ја носеше Петар Наумовски.

Актуелниот претседател на Македонската кошаркарска федерација, во два мандата го носеше дресот на турскиот клуб. Тој беше вистински предводник на тимот и најзаслужниот за првиот и единствен европски трофеј кој Ефес го има освоено.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонецот во 1996 година го предводеше Ефес до трофејот во поранешниот Куп на Радивој Кораќ.

Наумовски играше во Ефес најпрвин од 1992 до 1994, а потоа од 1995 до 1999 година. Пеце со Ефес освои вкупно 13 трофеи, меѓу кои четири во првенството и Президент купот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…