Mислав Оршиќ одигра супер натпревар против Тотенхем постигнувајќи хет-трик со кој придонесе за елиминација на „петлите“.
Динамо во своите раце има нов бисер од кој веројатно добро ќе ја наполни касата. Хрватите одлично знаат да работат на трансфер пазарот, а медиумите веќе го поврзуваат Оршиќ со трансфер во Италија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оршиќ во кариерата веќе има искуство со играње во Италија. Во сезоната 2013/2014 го носеше дресот на Специја која во тоа време беше дел од Серија Б и успеа да собере само 11 настапи.
Агентот на Оршиќ Бранко Хучика за „Калчомеркато“.
„Постојат контакти и некои почетни преговори со клубови од Италија. Оршиќ тогаш беше млад и не го знаеше јазикот, требаше да учи за да ја разбере тактиката на неговиот тим и јазикот беше проблем. Во овој момент сум во контакт со неколку италијански клубови. Сега тој има 28 години и не би кажал не на враќање во Италија“, изјави Хучика.