Фудбалскиот свет е во исчекување на одлуката каде Лионел Меси ќе ја продолжи кариерата откако Аргентинецот и официјално се раздели со ПСЖ.
Во текот на денешниот се појави изјава на Лапорта која не беше оптимистичка (ТУКА), но потоа се одржа состанокот со таткото на Меси, Хорхе по кој очигледно работите се промениле.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таква беше изјавата и на Хорхе Меси.
„Меси сака да се врати во Барселона и јас би го сакал тоа. Можам да кажам дека целиме кон такво нешто. Наскоро ќе знаете што ќе се случува“, изјави таткото на Аргентинецот.
Посебна еуфорија помеѓу навивачите на Барселона предизвика мистериозната објава на Ла Лига која за многумина е најава за враќањето на Меси во шпанскиот фудбал.