Дома Трансфер зона Еуфоријата во Милан поради Ибрахимовиќ може да ја расипе Донарума

Еуфоријата во Милан поради Ибрахимовиќ може да ја расипе Донарума

Mилан успеа да го врати Златан Ибрахимовиќ во надеж дека ќе успее да се избори за место кое води во Европа наредната сезона, меѓутоа еуфоријата која се создаде со доаѓањето на Ибра може да биде расипана поради Џанлуиџи Донарума.

Италијанските медиуми пишуваат дека сега главна грижа на Милан е да потпише нов договор со Донарума бидејќи тој би можел да замине бесплатно ако тоа не се случи.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Младиот голман оваа сезона запиша 16 настапи, а неговиот договор со Милан истекува летото 2021 година, но веќе во јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови.

Донарума во текот на летото се поврзуваше со ПСЖ и во еден момент изгледаше дека ќе го напушти Милано, но на крајот сепак остана.

Неговата плата на „Сан Сиро“ во овој момент е шест милиони евра, Милан ако сака да го задржи ќе мора да му понуди барем седум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Себаљос се сели во Серија А

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето може да…