Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО ЕУРО анализа: Швајцарија – Шпанија, Енрике ги демантираше критичарите, но сега повторно има тешка задача

ЕУРО анализа: Швајцарија – Шпанија, Енрике ги демантираше критичарите, но сега повторно има тешка задача

Свежи и залетани по елиминацијата на фаворитот на ЕУРО 2020 – Франција во осминафиналето, Швајцарија ќе се обиде да направи уште едно големо изненадување во петок кога во Санкт Петербург игра против Шпанија.

Швајцарија веќе го одигра најтешкиот дуел

Швајцарија ја шокираше Франција по пеналите за да си обезбеди место во четвртфиналето. Тој меч беше несомнено еден од поинтересните натпревари во осминафиналната фаза.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога Пол Погба во 75-та минута зголеми на 3:1 за светскиот шампион, сите мислеа дека работата за французите е завршена. Но така не мислеа швајцарците. Харис Сеферовиќ го постигна својот втор на натпреварот во 81-та минута, пред Марио Гаврановиќ да постигне гол во последната минута за израмнување на 3:3. Швајцарија на крајот беше подобра на пенали откако Килијан Мбапе го промаши ударот за големо славје во Швајцарија.

Оваа селекција се пласираше во едно четврт-финалето на Европските првенства за прв пат во нивната историја, а интересно е тоа што им требаше само една победа во групната фаза – онаа над Турција во последниот натпревар во групата, откако го отворија турнирот со реми со Велс и пораз од Италија.

Избраниците на Владимир Петковиќ ќе бидат расположени и ќе тргнат самоуверено по нивниот успех над Франција, но Швајцарија има само една победа од последните 22 натпревари со Шпанија, претрпувајќи 16 порази во овој процес.

Швајцарија загуби само еден од последните 11 натпревари во сите натпреварувања и победа во петокот би претставувала најдобар учинок на некое големо натпреварување, откако претходно се пласираше во четврт-финалето на Светските првенство уште во далечните 1934, 1938 година и 1954 година.

Селекцијата на Луис Енрике веќе ја сфаќаат многу посериозно

Шпанија се пласираше во четврт-финалето благодарение на победата од 5:3 над Хрватска, и тоа беше уште еден неверојатен натпревар на Европското првенство, со тоа што шпанците речиси го изгубија веќе добиениот натпревар.

Избраниците на Енрике поведоа со 3:1 во 77-та минута од натпреварот кога Феран Торес постигна гол, но Хрватска погоди двапати во последните пет минути за да изнуди продолженија. Алваро Мората и Микел Ојарзабал постигнаа голови во дополнителните 30 минути за конечна победа на Шпанија.

Шпанија не е во најдобрата форма на овој шампионат и тоа е повеќе од јасно. Ремизираа на своите први два натпревари со Шведска и Полска, но тие постигнаа пет гола против Словачка на последниот натпревар од групата пред да постигнат нови пет гола против Хрватска. Луис Енрике трпи многу критивки, уште пред стартот на ЕУРО 2020 поради младиот состав и изоставувањето на некои клучни фудбалери од тимот, но Ла Роха сега веќе мора да се сфати сериозно, пред се по елиминацијата на најголемите фаворити.

Шпанија по четврти пат лицитира за освојување на Европското првенство, што би ја направило најуспешна репрезентација во ова натпреварување, поминувајќи ги трите трофеи на Германија. Енрике не крие дека целта е златото и ако пред дуелот со Хрватска сите му се чудеа на изјавите, сега сите го сфаќаат многу посериозно.

Екипата на Енрике загуби пет од претходните осум четврт-финалиња во ова натпреварување, но интересно е тоа што секој пат кога националниот тим на Шпанија го поминуваше четвртфиналето, тие го освојуваа трофејот, а победата во петок ќе го однесе на Италија или Белгија во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…