Ракометарите на Еурофарм Работник ќе се вклучат во третото коло на ЕХФ Купот за сеѕоната 2018/19. Според денешниот костур на ова натпреварување на ЕХФ, македонскиот претставник заедно со германските екипи Фуксе Берлин, Хановер, Кил и Магдебург, шпанските Грањолерс, Куенка и Натурхаус Ла Риоха, Холстебро, Азоти Пулави, Татабања, Балатонфуреди, Сант Рафаел, ГОГ Гудме, Малме и Нексе Нашице ќе игра почнувајќи од третото коло.

Натпреварите од третото коло ќе се играат на 17/18 ноември и 24/25 ноември. Претходно ќе бидат одиграни две кола, од кои ќе произлезе ривалот на битолскиот суперлигаш. Второто коло ќе биде одиграно на 6/7 октомври и 13/14 октомври и тогаш ќе се знае против кој ривал ќе игра третата екипа од македонската суперлига за сезоната 2017/18.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ако успее да го мине третото коло Еурофарм Работник ќе влезе во групите на ЕХФ Купот, кои започнуваат на 9/10 февруари 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…