Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер 2 ги претстави Димтриоски и Ѓоргоски

Еурофарм Пелистер 2 ги претстави Димтриоски и Ѓоргоски

Минатиот месец на големо изненадување Димитар Димитриоски го напушти Вардар и се пресели во Еурофарм Пелистер 2.

Денес Димитриоски денес беше и официјално претставен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“Мило ми е што сум тука во Битола. Еурофарм Пелистер има големо реноме во македонскиот клупски ракомет. Првите импресии се дека имаме одлична млада екипа, со дел искусни играчи. Мислам дека добро ќе напредуваме во текот на целата сезона и ќе го оствариме тоа што го зацртавме“, изјави Димтриоски.

Покрај Димитрииоски во клубот беше претставен и Емилијан Ѓоргоски.

„Овој предизвик го одбрав, бидејќи повторно сакав да играм во Суперлига, наместо да се вратам во Првата лига. Затоа и го напуштив Голден Арт КЛ7. Еурофарм Пелистер ми понуди добар договор и добри услови и спремен сум да дадам сè од себе да влеземе во разигрувањето.

Засега сум презадоволен од овој предизвик. Турнирот во Прилеп го одигравме максимално и спремни сме за Суперлигата. Се надевам дека ќе влеземе во плеј-офот“, порача Ѓоргоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров со две изненадувања за натпреварот со Фарски Острови

Maкедонскиот селектор, Кирил Лазаров го објави составот за денешниот натпревар против Фарс…