Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер немоќен, Мешков Брест во фајнл-фор

Еурофарм Пелистер немоќен, Мешков Брест во фајнл-фор

Еурофарм Пелистер загуби и во вториот меч од Мешков Брест и не успеа да се пласира на фајл-фор од СЕХА лигата кој ќе се игра во Задар.

Ракометарите на Еурофарм добро го отвирија мечот и беа рамноправни во првите десет минути, но Мешков потоа направи серија од 5:0. Кушан ја прекина „црната серија“ на Еурофарм, а на одмор се замина со резултат 18:14.

Избраниците на Бабиќ немаа сила во вториот дел да направат пресврт, а Брест искусно ја чуваше предноста, па на крајот победи со резултат 35:31.

Валјупов со 11 гола беше најефикасен на теренот, додека во редовите на Еурофарм Пелистер се истакнаа Мандалиниќ и Обрадовиќ со по пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…