Изјавата на Самуел Ето за Тиери Анри многу брзо предизвика реакции во фудбалскиот свет.
Ето истакна дека Анри никогаш не бил на неговото ниво, што е навистина непрофесионално од негова страна, особено ако се земе предвид дека тие биле соиграчи во Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мислам дека не беше на нивото и на Николас Анелка. Анри беше добар, но добро ги познавам играчите со кои сум играл“, изјави Ето за „Фут Меркато“.
„Во секој случај, тој не беше на моето ниво. За среќа не играв за Франција. Оние кои играа во Франција имаат 70% повеќе шанси за успех. Не затоа што се подобри, туку затоа што „Франција ги продава“ подобро“, изјави Ето.
Навистина неверојатна изјава, предизвика бројни коментари…