Дома Фудбал Останато Ерик Тен Хаг разговарал со Манчестер Јунајтед

Ерик Тен Хаг разговарал со Манчестер Јунајтед

Maнчестер Јунајтед според информациите на англиските медиуми разговарал со тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг кој во овој момент важи за главен фаворит за клупата на „црвените ѓаволи“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тен Хаг во Јунајтед би го наследил Ралф Рагник кој е во клубот како привремено решение до крајот на сезоната. Освен тоа и резултатите на Рагник не одат во прилог за нешто да се промени, па затоа во Јунајтед се по потрага по нов стратег.

Зад себе Тен Хаг има фантастични пет години во Ајакс во кои освои две титули шампион на Холандија, два купа, а најдобриот фудбал холандскиот гигант го играше во 2019 година кога стигнаа до полуфиналето во Лигата на шампионите. Тен Хаг пред Ајакс работеше во Утрехт, Баерн 2 и Го Хед Иглс.

Покрај Ден Хаг се споменуваат уште неколку имиња, меѓутоа останатите имиња се во втор план доколку не излезе ништо од преговорите со холандскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реми во дербито од Премиер лигата, Челси конечно не изгуби! (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул и Челси одиграа нерешено 1:1 во 36-тото коло на англиската Премиер…