Дома Фудбал Ериксен започна со тренинзи во Швајцарија 🎥

Ериксен започна со тренинзи во Швајцарија 🎥

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен кој во јуни колабираше на Европското првенство, а во меѓувреме мораше да го напушти милански интер поради проблеми со срцето се врати на тренинзите и тоа на терените на швајцарскиот третолигаш Кјас.

Ериксен ја прекина соработата со Интер бидејќи Серија А не дозволува фудбалери со срцеви проблеми да играат во оваа лига. Така Данецот е слободен во изборот на новата средина.

Дефинитивно Ериксен сака да продолжи имајќи предвид дека се уште не наполнил ниту 330 години и дека играчки може уште да понуди. Градот во кој беше денес фотографиран се наоѓа на швајцарско-италијанската граница, на само 50 километри од Милано каде што престојуваше неполни две години.

Малку е веројатно дека Ериксен ќе заигра за швајцарскиот третолигаш, иако било каков фудбал добро би му дошол. Според информациите најреално е да се очекува враќање во Холандија или Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Форест шутира, но головите ги нема: Гибс-Вајт верува во пресврт

Со 137 удари и само шест гола во Премиер лигата, Нотингем Форест има сериозен проблем со р…