Дома Топ вести Ериксен го чека долга пауза, Јунајтед итно отвори преговори со Баерн

Ериксен го чека долга пауза, Јунајтед итно отвори преговори со Баерн

Maнчестер Јунајтед денес потврди дека Кристијан Ериксен заработил повреда и го чека подолга пауза и на „Олд Трафорд“ ќе мора да реагираат до крајот на денот да доведат негова замена.

Според информациите од клубот Јунајтед ќе паузира околу три месеци и на теренот би се вратил некаде во мај, пред крајот на сезоната. Ова секако е голем удар за Ерик Тен Хаг затоа што Ериксен беше еден од неговите најважни фудбалери во средниот ред.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Јунајтед практично нема адекватна замена за Ериксен, Дони Ван Де Бек исто така е во аут до крајот на сезоната, а Фред е поинаков профил на играч.

Поради тоа набрзо се појави информација дека Манчестер Јунајтед би можел набрзина да го доведе Марсел Сабицер од Баерн Минхен. Играчот за врска не се снаоѓа баш најдобро во Минхен каде што на лето ќе пристигне и Конрад Лајмер и не е невозможно Баерн да го пушти.

Во Јунајтед веќе работат на неговио трансфер и веројатно опција во овој момент е позајмица до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …