Кристиан Ериксен благодарение на одличните партии за Тотенхем изминатите години стана еден од најдобрите играчи за врска во светот.
Со оглед дека неговиот договор со Тотенхем истекува на крајот на сезоната, клубот кој ќе го осигура неговиот потпис сигурно ќе добие големо засилување и тоа за нула евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Данецот на маса има понуди од три клуба и сега е во дилема која да ја избере. Од поодамна интерес за него покажува Реал Мадрид, а сега во трката за неговиот потпис се приклучија Јувентус и ПСЖ.
Овие три клуба во наредниот период ќе водат жестока битка за неговиот потпис, а Ериксен ќе може уште во јануари да потпише преддоговор со новиот клуб.
Реал Мадрид е со голема репутација и клуб кој не се одбива, ПСЖ има нелимитирани финансии и сигурно ќе понуди најголема сума, додека Јувентус веќе „докторира“ на доведување слободни агенти.