Дома Фудбал Репрезентации ЕП не беше дебакл, а сега следуваат промени – се надеваме за нови успеси!

ЕП не беше дебакл, а сега следуваат промени – се надеваме за нови успеси!

Се врати репрезентацијата, заврши Европското, првото историско на кое чекавме толку долго…

Maкедонската фудбалска репрезентација Европското првенство го заврши без ниту еден освоен бод и како претпоследно пласирана репрезентација само Турција има полош учинок од нас. Сепак, не може да се каже дека Македонија одигра лош турнир. Ако се собереме причината за поразите може да се бара во тоа што не бевме констатни во текот на целите натпревари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Да поченеме од натпреварот Австрија, добро се држевме некаде до 60-65 минута, тогаш дојде еден пад во играта кој репрезентација како Австрија и тоа како знаеше да го искористи. Дојде Украина, против Украинците ситуацијата беше спротивна. Лошо стартувавме, селекторот имаше позиции на играчи кои за многумина не беа логични, па губевме со 2:0 после 45 минути. Во второто полувреме од овој натпревар видовме една нова, офанзивна, растрчана Македонија, дојдовме до 2:1, а лесно можеше и да изедначиме, ни недостасуваше малку среќа.

Против Холандија веќе се знаеше дека немаме шанси за нокаут фаза, а тие секако се репрезентација која атакува и на трофејот, меѓутоа и против нив имавме свои моменти. Постигнавме два гола кои беа поништени поради офсајд, Холанѓаните поведоа во ситуација во која можеби имаше претходно фаул…

Што сега?

Сега следува време на промени и се надеваме тие промени ќе донесат нови успеси. Заминува селекторот, заминаа Гоче, Тричко, Велкоски…На местото на нов селектор веројатно ќе биде поставен Благоја Милевски, човекот кој играше ЕП со младинците и 11 играчи од таа генерација се во првиот тим, дефинитивно заслужува.

Ангеловски заминува како човек кој ја одведе Македонија на ЕП и можеби за него ова е најдобар момент после пет ипол години да замине од селекторската позиција. Милевски (ако биде тој) ќе донесе свежина, се очекува и да направи и уште некои промени, можеби ќе бидат викнати некои нови лица…

Без Пандев ќе биде тешко и на ова ЕП тој ја покажа својата класа, постигна гол, креираше неколку одлични шанси за соиграчите, делеше одлични пасови, задржуваше топка…Се онака најдобро како што знае.

Како и да е кој и да биде новиот селектор, каков и да биде неговиот избор на играчи на јавноста е да дава конструктивни критики, но секако и да му даде поддршка на стартот затоа што секој заслужува…Можеби Сер Боби или некој друг ќе биде тој кој ќе го славиме за пласман на Светско…Да веруваме во изборот!

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…