Дома Останати Епски дуел во полуфиналето на Вимблдон

Епски дуел во полуфиналето на Вимблдон

Тениските љубители ќе можат да уживаат во уште еден дуел на двајцата најтрофејни тенисер, Рафаел Надал и Роџер Федерер во полуфиналето на Вимблдон.

Роџер Федерер со 3-1 во сетови го доби денешниот четвртфинален меч против Нишикори.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарецот не почна најдобро, Нишикори го доби првиот сет со 6-4, но во следните три Федерер беше подобар, 6-1, 6-4 и 6-4.

Рафаел Надал без загубен сет го помина серверот Квери. Шпанскиот тениски ас славеше со 7-5, 6-2 и 6-2. Само во првиот сет Квери успеа да му парира на Надал, но потоа на теренот доминираше Шпанецот.

Федерер и Надал последен пат се сретнаа на Вимблдон во епското финале во 2008-ма година кое му припадна на Шпанецот со 9:7 во петтиот сет, а воедно ќе биде 40-ти меѓусебен меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Шок: Еден од најпознатите светски тенисери заминува во пензија?!

Aвстралискиот тенисер Доминик Тим има намера да се пензионира на крајот на октомври по зав…