Француските медиуми пред неколку дена пишуваа за ситуациите на Осман Дембеле и Џанлуиџи Донарума со Луис Енрике, а сега изгледа на ред дојде Рендал Коло Муани.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Л’Екип“ објави дека Коло Муани би можел да го напушти Париз, според последните инфорамции тој не се вклопува во системот на Енрике ниту како „лажна деветка“ и до сега не покажа дека може да биде голем играч.
Не му оди на теренот и поради своите технички слабости не се вклопува идеално во тимот. Наводно, Коло Муани и самиот е свесен и смета дека и него не му одговара тоа што Енрике го бара од екипата и не ги исклучува преговорите со други клубови.
Но, проблем е што ПСЖ сака скапо да го продаде бидејќи за него пред само една година платија 95 милиони евра.
Муани има 25 години и договор до 2028 година и јасно е дека би заминал само во случај на вистинска понуда, како за него, така и за ПСЖ.