Енди Руиз е нов боксерски шампион! Мексиканецот во „Медисон Сквер Гарден“ го шокираше Ентони Џошуа со нокаут во седмата рунда.
Џошуа влезе како голем фаворит во оваа борба, но Руиз покажа дека се работи за навистина фантастичен боксер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После мирната прва рунда, Руиз два пати го погоди шампионот на отварањето на втората рунда и тога беше јасно дека може да го загрози шампионот во овој дуел.
Потоа започна спектакл и големи проблеми за шампионот. Џошуа успеа да го испрати Руиз на подот на почетокот на третата рунда, но Мексиканецот со одлична контра во размена на удар се врати и тој го турна Џошуа на подот.
Размената на удари продолжи, Руиз се повеќе погодуваше и по втор па кон крајот на рундата го фрли Џошуа на подот, Британецот повторно успеа да извлече.
Руиз продолжи одлично да боксува и во наредната рунда. Правеше навистина фантастична работа, а дури во петата рунда шампионот успеа да се разбуди малку и неколку пати добро го погоди противникот.
Во седмата рунда се беше готово. Руиз два пати го руши Џошуа после што борбата беше прекината, а Руиз стана светска шампион.
Ова е прв пораз за Џошуа во кариерата (22:1), додека Руиз сега има скор од 33:1