Дома Фудбал Емре Џан повторно го предупреди Јувентус

Емре Џан повторно го предупреди Јувентус

Актуелниот германски репрезентативец Емре Џан уште еднаш потврди дека може да го напушти Јувентус.

Џан е во Торино од 2018. година, а иако се веруваше дека ќе биде големо засилување за Бјанконерите, тој епитет до сега не го оправда.

Овој 25-годишен фудбалер во никој случај не е задоволен од неговиот статус во Јувентус, а шпекулациите дека може да го напушти клубот во текот на зимата, не ги исклучи ниту тој самиот, предупредувајќи го клубот дека „мора да се најде решение“.

„Не сум задоволен од ситуацијата во Торино, не го кријам тоа и мора нешто да се промени. Мора да најдеме решение“ – рече Џан во интервјуто за „Билд“.

Споменатиот германски спортски весник ја смета Борусија Дортмунд како следна дестинација во кариерата на Џан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мора и Мален ја кренаа Рома: Каљари падна за две минути

Каљари израмни во 81. минута, но Мора и Мален експресно одговорија за победа на Рома од 4:…