И камен би заплакал…
Емотивната порака на големиот Џанлуиџи Буфон ви ја пренесуваме во целост:
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Патувањето е завршено. Книгата која ја пишувавме заедно е завршена. Започнува ново патување, нова книга. Мора да почне. 6.111 моменти на чиста страст. Радост, солзи, порази и победи. Ви блгодарам.“
„Му благодарам на секој од вас што допринесовте за секој момент во црно-белиот дрес да биде посебен, како да сум во своја кожа. Кожа во која бев почитуван и сакан. Која ја чував со моето тело, со своите лимити и страст која ме следеше. Со утрешниот натпревар ова патување завршува. Книгата која ја напишавме заедно е затворена. Премногу емоции во овој момент. Премногу“.
„За Јувентус ќе застанам секогаш зад секој играч секогаш! Ќе продолжувам да пишувам страници во книгата за која се надевам дека нема да има крај. Затоа што клубот има единствена ДНК кој не може да биде ископирана. Тоа е неверојатно“.
„Јуве е семејство, мое семејство! Никогаш нема да можам да престанам да го сакам овој клуб и се заблгодарувам на овој дом. За се што ми даде. За се! Дефинитивно повеќе отколку што јас дадов“
„Неизбежно, нова авантура започнува. Нова книга. Мора да почне“
„За мене кој учи да гледа на иднината со различни очи. Кој ќе тргне во нови предизвици кои ги носи животот и во кои никогаш нема да престанам да бидам внатре во играта. Оној кој ќе почуствува стравопочитување некој кој искусил многу предизвици, понекогаш победувал, многу и изгуби, но секогаш ќе бидам свесен дека секој предизвик е различен од претходниот“.
„На стадионот дојдов со велосипед. Бев многу млад. Утре сакам симболично да прошетам, сакам да ја почустувам секоја болка, секоја капка пот, да се почуствувам допрен. Сакам да сфатам дека никогаш нема да бидам далеку од местото кое го нарекувам дом – засекогаш!
„Да ги поздравам соиграчите и пријателите кои никогаш нема да престанам да ги нарекувам БРАЌА!“.
„Фино ала Фине! Засекогаш ваш Џанлуиџи Буфон“