Дома Останати Тенис Емотивни сцени во Мелбурн: Возњацки на 29 години во солзи се прости од тенисот (ВИДЕО)

Емотивни сцени во Мелбурн: Возњацки на 29 години во солзи се прости од тенисот (ВИДЕО)

Eдна од најпознатите тенисерки во светот Каролина Возњацки на 29 години одлучи да стави крај на кариерата во тенисот. Денес таа беше поразена со 1:2 на Австралија Опен и со тоа објави крај на големата кариера.

Сепак, овој пораз никако не може да фрли дамка на нејзината голема кариера.

„Можеби очекувано беше да го одиграм последниот меч во три сета и да го завршам со форхенд грешка. Тоа ме следеше во текот на целата кариера, така беше и денес. Среќна сум и подготвена за нови работи во животот“, изјави Каролина во солзи.

Додека Каролина стоеше на теренот ги гледаше пораките од нејзините колеги.

Освен тоа на теренот влезе и нејзниот татко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познат доктор открива што се случувало со Ѓоковиќ: Еве зошто се мачеше и повраќаше на УС Опен

Медицинскиот директор на Асоцијацијата на професионални тениски играчи (PTPA), организациј…