Дома Фудбал Емотивен момент: Киелини првенецот во МЛС го посвети на Астори 🎥

Емотивен момент: Киелини првенецот во МЛС го посвети на Астори 🎥

Поранешниот репрезентативец на Италија, легендарниот Џорџо Киелини го постигна првиот гол во МЛС лигата, а тој гол го посвети на Давиде Астори.

Киелини беше стрелец на првиот гол во победата на Лос Анџелес ФК против Портланд. Судбината сакаше голот да го постигне на петгодишнината од смртта на Астори.

Поранешниот капитен на Фиорентина почона на 4-ти март 2018 година, Киелини се потсети на тој тажен ден.

„Пет години од тој прокелт ден. Давиде секогаш си со нас“, порача Киелини само неколку часа пред натпреварот.

Кога ја затресе мрежата Киелини салутираше во чест на својот поранешен соиграч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еспи влезе од клупата и го спаси Реал: Пресврт против Селта на „Бернабеу“!

Реал Мадрид ја совлада Селта со 2-1, иако губеше на паузата. Белингам израмни, а резервист…