Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери ќе има на располагање само 40 милиони фунти за нови засилувања во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.
Како што е познато во јануари „топџиите“ го донеса само Денис Суарез на позајмица од Барселона, откако Емери призна дека немаат буџет за зимски трансфери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според имформациите Емери сака да донесе најмалку тројца фудбалери на крајот на сезоната. Доколку сакаат да го задржат Суарез во тимот „топџиите“ ќе треба да платат 18 милиони фунти, што е скоро половина од буџетот.
Поради тоа можно е Арсенал да се раздели со неколку фудбалери на кои тренерот не смета во моментов за да добие дополнителни средства за трансфери.
Прв кандидат за заминување е Месут Озил кој е најплатен играч во тимот со 350.000 фунти неделна плата, а не добива голема минутажа оваа сезона.
Bad news for Arsenal fans.
Unai Emery won't have much to spend in the summer transfer window.
Gossip ? https://t.co/NlfHGB67tU pic.twitter.com/rqykEJcwjN
— BBC Sport (@BBCSport) February 5, 2019