Дома Трансфер зона Емери „фрлил око“ на играчот на Милан: Арсенал спремен да ја плати клазулата?

Емери „фрлил око“ на играчот на Милан: Арсенал спремен да ја плати клазулата?

suso

Aко судиме според она што се пишува во медиумите на Островот Арсенал ќе биде и тоа како активен во летниот преоден рок.

Арсенал ќе се обиде во текот на летото да го засили тимот и се поголем е бројот на играчи кои се поврзуваат со „топџиите“ во последно време, а сега се појави информација дека на „радарот“ на Унаи Емери се наоѓа Сусо од Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Без дилеми Сусо во овој момент е еден од најдобрите играчи во Милан и кај него одат голем дел од заслугите за добрата форма на „росонерите“ во последно време.

Сусо наводно во својот договор има откупна клазула во износ од 38 милиони евра која важи за клубовите надвор од Италија. Според информациите Арсенал е спремен да ја плати таа сума, а ако е така им останува само да го убедат Сусо.

Овој фудбалер знае како е да се игра во Премиер лигата бидејќи и еден период беше дел од неа. Сусо во периодот од 2010 до 2015 година го носеше дресот на Ливерпул каде што баш и не се прослави.

Освен Арсенал интерес за Сусо покажеле уште Атлетико Мадрид и Челзи.

Во досегашниот дел од сезоната во Серија А Сусо за своето име пет погодоци и осум асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=-KsECBw6q9Y

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …