Како што пренесуваат англиските медиуми, Арсенал започнал напад на искусниот дефанзивец на Челзи!
Клубот од „Емирати“ веќе доживеа големи промени. Венгер го напушти Арсенал, а на негово место пристигна Унаи Емери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Потоа беше ангажиран и Стефан Лихштајнер кој пристигна од Јувентус како слободен играч, откако му заврши договорот со италијанскиот шампион. „Топчиите“ и понатаму работат на нови засилувања, а приоритет е одбраната.
Пер Мертезакер се повлече од активното играње фудбал, Лоран Кошчелни заработи тешка повреда и најверојатно нема да го видиме на теренот пред завршувањето на оваа година, па како единствена квалитетна опција останува Шкодран Мустафи кој и не прикажуваше така добри настапи во последниот период.
Се очекува да пристигне Сократис Папастапопулос од Дортмунд, како и 21 годишниот стопер на Фрајбург Џаглар Сојчу, но според медиумите сакаат уште една квалитетна опција и наводно веќе испратиле понуда за – Давид Луиз!
Поранешниот стопер на Челзи не се наигра минатата сезона имаше одредени несогласувања со Антонио Конте и се повеќе се пишуваше дека ова лето може да ја промени средината.
Сепак, понудата од 20 милиони евра која пристигнала на адреса на „сините“ била означена како премала, па од таборот на Челзи експресно ја одбиле. Но, очекувањата се во наредните денови „топчиите“ да испратат нова подобрена понуда.
BREAKING: Arsenal have had a £17.6m bid rejected by Chelsea for defender David Luiz according to reports. pic.twitter.com/TivKHfXgHQ
— Football Talk (@Football_TaIk) June 14, 2018