Дома Топ вести Емери не се поздрави, Чави збесна 🎥

Емери не се поздрави, Чави збесна 🎥

Барселона синоќа го победи Виљареал (1:3), а Унаи Емери беше лут на судиските одлуки, па одби да се поздрави со Чави на крајот на мечот.

Домаќините пропуштија повеќе добри шанси, а бесни се и на неколку судиски одлуки, особено на играта со рака на Пике во казнетиот простор.

По последниот судиски свиреж Емери избега кон соблекувалната и одби да се поздрави со тренерот на Каталонците, а тоа го налути Чави.

„Очекував поздрав од Емери на крајот на мечот и затоа се налутив. Не го разбирам зошто избега и зошто беше лут. Секогаш треба да постои спортски дух по натпреварите“, кажа Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Крвава пресметка меѓу навивачи во Полска заврши трагично: Убиен млад човек, десет лица уапсени (ВИДЕО)

Нов случај на екстремно навивачко насилство ја потресе Полска. Во Краков викендов беше уби…