Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, за кого се позасилено се тврди дека е пред отказ, јавно им се обрати на фановите и ги замоли за помош.
На Емери му се заканува отказ поради слабите резултати од почетокот на сезоната. „Топџиите“ немаат победа веќе шест меча и се на 8 бода од четвртото место кое води во Лигата на шампиони.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, Шпанецот тврди дека не мисли за својата иднина, туку само за идните натпревари, па ги повика фановите на помош.
„Мојата желба е навивачите да му помогнат на членовите на тимот, бидејќи моментално сме им најпотребни. Нашата самодоверба зависи од тоа како се чуствуваме на домашен терен со нашите навивачи. Сепак, тимовите кои доаѓаат на наш терен со помалку публика од нашата влеваат страв кај играчите и тоа мораме да го промениме“, изјави Емери.
Емери додаде дека Гранит Џака највројатно ќе игра на утрешниот меч со Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа.