Борусија Менхенгладбах го донесе осмото засилување ова лето, а најновата аквизација на клубот е Брел Емболо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Досегашниот играч на Шалке потпиша договор со новиот клуб во траење од четири години.
Репрезентативецот на Швајцарија од редовите на Базел во 2016. година стигна во Гелзенкирхен и за тоа време постигна 10 погодоци на 48 натпревари.
Големиот број на повреди спречија поголема ефикасност, за што челниците на Шалке очигледно немаат повеќе трпение.
„Емболо го следиме веќе неколку години, а продолживме со тоа и додека настапуваше во Шалке.“ – изјави спортскиот директор на Борусија и додаде: „Последните години немаше среќа со повредите и сигурно мора на тој аспект да посветиме повеќе внимание.“