Дома Трансфер зона „Ел Насионал“: Бензема може да го напушти Реал Мадрид!?

„Ел Насионал“: Бензема може да го напушти Реал Мадрид!?

Реал Мадрид минатото лето го пушти Касемиро да замине во Манчестер јунајтед, а сега „Ел Насионал“ носи спектакуларна вест дека Карим Бензема би можел да замине од шпанскиот гигант.

Медиумот пишува дека Бензема наводно е подготвен да замине од „кралскиот клуб“ ако во меѓувреме биде ангажирана друга ѕвезда во нападот следното лето, а наводно заинтересиран за францускиот напаѓач е Ливерпул.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бензема оваа сезона не игра најдобро за „кралевите“ бидејќи често беше повреден и постигна само шест гола во првиот дел од сезоната, а наскоро ќе наполни и 35 години, па шпанскиот гигант полека мора да се подготвува за иднината.

Французинот неодамна ја одби „Златната топка“ откако во претходната година играше на врвно ниво и му помогна на Реал да ги освои шпанската и европската круна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …