Дома Македонски спорт Елмас потврди: Претставници на Манчестер Сити преговарале со неговите родители (Видео)

Елмас потврди: Претставници на Манчестер Сити преговарале со неговите родители (Видео)

elmas

Eден од најголемите македонски фудбалски таленти Елиф Елмас заедно со селекторот на репрезентацијата до 19 години, Вујадин Станојковиќ гостуваше во емисијата „Куќа на фудбалот“ каде што откри интересни детали.

Најинтересен момент од интервјуто со македонската фудбалска ѕвезда секако е моментот каде што Елмас потврдува дека претставници на англискиот гигант Манчестер Сити го посетиле неговиот дом и разговарале со неговите родители.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Тоа е долга приказна и не е важно во овој момент, јас сега сум фудбалер на Фенербахче и сум среќен поради тоа“, одговори Елмас. (овој одговор можете да го слушнете на 20.28 минута од видеото)

Помеѓу другото Елмас беше запрашан и за тоа како е да се игра видео игри со ѕвезди како Робин Ван Перси и Матија Валбуена.

„Навистина за мене беше интересно што имам можност да играм со такви големи играчи и добри луѓе. Тоа е само составен дел од играта, кој и да победи е најмалко важно. Јас сум премногу среќен што иако сум краток период тука за кратко време ме прифатија“, изјави Елмас. (7.20 минута)

Во продолжение можете да го погледнете целото интервју на македонскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Италијанците убедени: Се е завршено – Јувентус има нов тренер!

Јувентус пред пет дена одлучи да го отпушти Масимилијано Алегри (56), а негов наследник ка…