Maкедонија во четврток ќе игра против Грузија во натпревар во кој победа значи пласман на Европското првенство.
Пред овој натпревар за сајтот на ФФМ зборуваше еден од нашите најдобри фудбалери, Елиф Елмас.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
“Не очекува финале, еден натпревар и многу борба. Ќе биде тежок натпревар, влогот е голем, но за ова се подготвувавме и сите заедно ќе се обидеме да го дадеме својот максимум за да успееме. Ни треба концентрација и енергија во текот на сите 90. минути. Грузија исто така, има за цел да биде на Европското првенство, но треба да направиме работите на теренот да зависат од нас. Оптимист сум, ова е голем меч и ќе го одиграме и за себе и за тимот, но и за целата држава. Се надевам дека ќе успееме, ќе играме за пласман на Европско првенство“, изјави Елмас.
Грузија и Македонија играат во четврток во 18:00 часот.
Фото: ФФМ