Дома Фудбал Италија Елмас добива нов тренер во Наполи?

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Tимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио Де Лаурентис е познат како човек кој нема големо трпение.

Сега италијанските медиуми пренесуваат дека Руди Гарсија се соочува со голем притисок да најде излез од кризата, во спротивно експресно ќе се заврши неговата епизода како шеф на стручниот штаб на актуелниот шампион на Италија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако се суди по резултатите од почетокот на сезоната Гарсија изгледа како сосема погрешно решение, тимот ја загуби свежината и брзината која ја имаше под водство на Спалети. За викендот видовме и тензична ситуација во која еден од главните играчи на тимот, Виктор Осимен му се развика на францускиот стратег по замената.

Засега не се најавува кој би пристигнал на местото на Гарсија, но негово заминување би било добра вест за Елмас кој кај Французинот добива уште помала минутажа отколку што имаше кај Спалети минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Босански голман го збесна Роналдо: Португалецот не постигна гол од седум зицери

Фудбалерите на Ал-Насра го победија Ла-Калееј на гости во 29. коло од Саудиската Про лига …