Дома Фудбал Останато Екс-југословенскиот фудбал доживеа дебакл: Европска пролет обезбеди само еден клуб

Екс-југословенскиот фудбал доживеа дебакл: Европска пролет обезбеди само еден клуб

Екс-југословенскиот фудбал сезонава доживеа вистински дебакл на европска сцена.

Од дури 28 клубови од земјите на поранешна СФРЈ кои ова лето и есен играа квалификации и групна фаза европска пролет обезбеди само Динамо Загреб.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Дури и Динамо Загреб иако ќе има европска пролет е далеку од своите очекувања бидејќи ќе игра во третото по ранг натпреварување во Европа, Конференциската лига. Сепак, треба да се каже и дека Динамо четврти пат во последните шест сезони обезбедува пролет во Европа.

Разочарување доживеаа српските клубови, посебно Црвена Звезда која по директниот пласман во Лигата на шампионите во сезоната влегоа со голем оптимзам. На крајот црвено-белите завршија последни во својата група и уште во претпоследното коло ја загубија битката со Јанг Бојс со кого се очекуваше да се борат за третото место и нокаут фаза во Лига Европа.

Кога се македонските клубови, ние сме предалеку и од групна фаза, за нешто повеќе никој не ни размислува во овој момент.

Посебно разочарувачки е што ние ќе имаме само тројца фудбалери кои ќе бидат дел од нокаут фазата. Елмас со Наполи во Лигата на шампиони и Адеми и Ристовски со Динамо во Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…