Дома Фудбал Останато Експресно: Лопетеги ја добил првата понуда после отказот во Реал?

Експресно: Лопетеги ја добил првата понуда после отказот во Реал?

Нас ни е навистина тешко да поверуваме во вакво сценарио.

Јулиен Лопетеги доби отказ во Реал Мадрид поради катастрофалните резултати во Реал, под негово водство клубот го имаше најлошиот старт во својата историја.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На негово место пристигна Сантијаго Солари, а Перез веројатно верува дека Солари може да биде новиот „Зидан“ (и Зидан дојде од младинскиот тим).

Иако на почетокот се најавуваше дека Лопетеги ќе ја добие целата сума од договорот, односно 18 милиони евра, сепак денес се појави вест дека стратегот направил џентлменски потег и нема да се влече по судови. Наводно тој постигнал договор со Перез за оштета од три милиони евра (тука).

Доколку тоа е точно и Лопетеги постигне договор, би можел многу брзо да пронајде нов ангажман, а првата понуда пристигнала од Русија. Спаратак Москва според информациите сака да го види Лопетеги на својата клупа.

Колку е реално вакво нешто, навистина е тешко да се каже, искрено ние не веруваме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…