Отпуштен е, но не може да се каже дека помина лошо.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кога на 14-ти јули беше промовиран за наследник на Зинедин Зидан, тогашниот селектор на репрезентацијата на Шпанија потпиша договор на три години, вреден шест милиони евра по сезона.
Со оглед на тоа дека договорот го обврзуваше до јуни 2021 година, доколку го одработеше до крај ќе добиеше 18 милиони евра, меѓутоа лошите резултати ги плати со работата. Но, парите од договорот за кои се претпоставуваше дека ќе ги добие, не ги добил.
Шпанските медиуми јавуваат дека Лопетеги на крајот испаднал џентлмен, не сакајќи да се влече по судови и да ја бара договорената сума, туку се задоволил со шестмесечната плата од три милиони евра иако не се задржа ни толку. Тој на клупата на Реал остана точно 139 дена.
Ќе потсетиме него го наследи човекот кој го водеше вториот тим на Реал, Сантијаго Солари кој во овој момент е привремено решение.