Вчера беше објавено дека Дајот Упамекано после завршувањето на сезоната ќе се пресели во Баерн Минхен.
Баерн ќе ја плати откупната клазула за Упамекано, па така нема да има потреба од преговори со Лајпциг. Во Лајпциг реагираа веднаш и експресно пронајдоа замена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во Лајпциг пристигнува Мохамед Симакан од тимот на Стразбур. Симакан во изминатиот период беше мета и на Милан, меѓутоа преговорите на Италијанците со францускиот тим не одеа баш најдобро.
Според информациите Лајпциг ќе плати сума од 15 милиони евра за неговите услуги.